Инфраструктурни идеи за зелен транспорт
Патничкиот транспорт е еден од најголемите придонесувачи во загадувањето на воздухот. И како што бројот на возила на улиците продолжува да расте така се зголемуваат и штетните емисиите. Зелената транспортна инфраструктура е онаа што им овозможува на луѓето да се движат користејќи сопствена сила – како што се пешачење или возење велосипед – или со други еколошки одржливи средства, како возови или е-автобуси.
Подобри железници и повеќе електрични и јавни превозни средства ќе го намалат загадувањето.
На регионалната конференција „Зелени урбани транспортни решенија“во Охрид добрите познавачи истакнаа дека дури и во случаи кога е тешко или невозможно целосно да се отстрани автомобилот од транспортот, постојат начини да се зазелени транспортна инфраструктура и истовремено да се подобрат здравјето и квалитетот на животот.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар