Преглед на вестите од светот
Верувам дека наскоро Русија и Уркаина ќе постигнат мировен договор. Следните неколку дена ќе бидат многу важни, изјави американскиот претседател.
- Ние сакаме да ја завршиме таа војна. Сакаме да ја завршиме брзо. И мислам дека постигнавме многу напредок, и ќе видиме што ќе се случи. Следните неколку дена ќе бидат многу важни.
Репортер: „Какви отстапки понуди Русија досега за да дојдете до точка каде што сте поблиску до мирот?
- Запирање на војната. Запирање на преземање на целата земја. Прилично голема отстапка
Според медиумските извештаи, мировните планови што ги заговара Трамп вклучуваат предавање на приближно 20 проценти од украинската територија на Владимир Путин. Во Москва е специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф на разговори со Путин за крај на војната. Тоа е втора нивна средба за две недели.
Засега не е познато дали Трамп и Зеленски ќе имаат средба во Рим. Тие во текот на денот треба да допатуваат во Рим за погребот на Папата Франциск кој ке се одржи утре. Според Ватикан, на погребот ќе присуствуваат 130 странски делегации, што вклучува 50 шефови на држави, претставници на десет кралски семејства и бројни премиери, министри и амбасадори.
Од македонските функционери ќе оди претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Папата Франциск кој почина во понеделеникот од мозочен удар ќе биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре.
Јарослав Москалик, 59 годишен руски генерал близок до претседателот Владимир Путин е убиен утрово во експлозија на автомобил-бомба во предградие на Москва. Рускиот истражен комитет соопшти дека импровизирана експлозивна направа била подметната во автомобил паркиран во близина на домот на Москалик, а била активирана со далечински управувач кога тој поминувал покрај возилото.
Истражниот комитет случајот го води како убиство. Москалик беше заменик-шеф на главната оперативна дирекција на Генералштабот на руските вооружени сили.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар