-->
-->
Телото на гангстерот Џон Дилинџер ќе биде ексхумирано
-->
Телото на гангстерот од 1930-тите години Џон Дилинџер ќе биде ексхумирано, затоа што неговите роднини се сомневаат дека на гробиштата во Индијанаполис е закопан некој друг.
Министерството за здравство на државата Индијана објави допис во кој Мајк Томпсон и Керол Томпсон Грифит, кои тврдат дека Дилинџер им бил вујко, бараат неговото тело да биде ексхумирано за да се спроведат форензички анализи.
Роднините на Дилинџер наведуваат дека примиле докази дека лицето кое било убиено во киното „Биограф“ во Чикаго на 22 јуни 1934 година можеби не е Дилинџер.
Дозволата за ексхумација е издадена во јули, а мрежата А&Е Нетворкс наведува дека ќе ја снима како дел од документарен филм за каналот Хистори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот