Тело на маж извлечено од водите на Вардар кај Чегране
Безживотно тело на маж, попладнево и е извадено од водите на Вардар на излезот од гостиварското село Чегране. Според последните информации сè уште не е познат идентитетот на жртвата.
Во меѓувреме, местото го обезбедуваат полициски службеници и се врши увид на во близина на мостот, каде е забележано безживотното тело и се работи на утврдување на причините за смртта.
Мујдин Д. очевидец кој го забележал телото, за МИА рече дека од понеделникот често поминувал покрај местото, но не забележал ништо со оглед на високото ниво на водата. Денеска околу 13 часот кога нивото на водата се спуштило, видел дека под мостот, има човечко тело по што го пријавил случајот. Тој посведочи дека телото било во фаза на распаѓање и во лоша состојба.
Во меѓувреме екипа на СВР Тетово работи на расветлување на настанот, а повикан бил јавен обвинител.
Се очекува да биде наредена обдукција по што ќе се зае идентитетот на починатиот и причините за смртта.
Ново на Сител
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучување за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, воено политички експерт
-
Мицкоски: Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ