Судир меѓу Меркел и баварскиот партнер Зехофер околу мигрантите
Главниот политички партнер на германската канцеларка Ангела Меркел, лидерот на баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ), Хорст Зехофер се закани со науштање на Владата во Берлин, доколку не биде воведена горна граница за прием на мигранти во земјата.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Зехофер, кој е и премиер на сојузната покраина Баварија, во интервју за националната телевизија АРД најави дека неговата ЦСУ, сестринска партија на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на Меркел, ќе ја напушти Владата, ако таа продолжи да прима бегалци без горен лимит.
- Ќе дојдеме до лимит, дури и до таван, изјави Зехофер, кој на прашањето дали ако Меркел не постави горна граница за бегалците ЦСУ ќе оди во опозиција одговори: „Добро ме разбравте“.
Зехофер, кој е најпопуларен баварски политичар, предходно од Мерјел побара Германија да се обврзе да прима најмногу до 200 илјади бегалци годишно.
ЦСУ која функционира само во покраината Баварија, во националниот парламент има 56 пратеници, а сестринската ЦДУ 264 пратеници.
Пратеничката хрупа ЦДУ/ЦСУ заедно со Социјалдемократската партија на Германија (СПД) има вкупно 503 од 650-те пратеници во Бундестагот. Доколку ЦСУ навистина премиен во опозиција, тоа во моментов нема да влијае на стабилноста на германската Влада, но во ситуација кога заедничкиот рејтинг на ЦДУ/ЦСУ и СПД постојано се намалува, поради растот на поддршката за екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД), тоа може да биде сериозен удар за плановите на Меркел да биде реизбрана за канцелар на изборите што ќе се одржат идната година.
ЦСУ е убедливо најсилната партија во најбогатата и најужна германска покраина Баварија, преку која лани и во текот на оваа година во Германија влегоа најголем дел од околу еден милион бегалци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести
-
Бугарија со остри реакции на изјавата на Мицкоски – Бугарите во уставот е услов на ЕУ, не на Софија