Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
Владиното барање за смената на јавниот обвинител Љупчо Коцевски и промена на членовите на Судскиот совет, не е никаква реформа туку обид за партизација на институциите и упад во системот, смета опозицискиот лидер Венко Филипче. Не сакал да ја коментира неговата работа, но смената на кадри не било реформа.
За владејачката ВМРО ДПМНЕ грижата за реформите и довербата на граѓаните на Филипче бил лажна и лицемерна. Велат Љупчо Коцевски како шеф на Јавното обвинителство молчеше додека СДС ги крадеше институциите, затоа потребен е човек со интегритет, а не лице послушник.
Додека се кршат копјата дали по иницијативата на владата за разрешување на Коцевски тој сам ќе поднесе оставка или членовите на Судски ќе се повлечат сами по изгласаната интерпелација, оттаму преку соопштение бараат да бидат ослободени од секаков вид на притисок или влијание.
Членовите на Судскиот совет и судиите мора да бидат ослободени од каква било форма на притисок и влијание, за да истите одлучуваат самостојно и независно и во таа насока Судскиот Совет упатува апел до сите носители на јавни функции, во своето работење и делување доследно да ги почитуваат Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот, со цел владеење на правото и враќање на довербата кај граѓаните во системот, велат од Судски совет.
Законот за судски совет и останитете за правосудството кои се дел од стратегијата за раст мора да се донесат . велат од опозицијата. Бараат власта да не скршне од планот за раст бидејќи тоа ќе значело и одложување на целокупниот реформски процес за членството во ЕУ за шест години.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар