Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
Земјите членки никогаш не и ветиле на Украина членство во НАТО доколку постигне мировен договор со Русија, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
„Мораме да се погрижиме (рускиот претседател) Владимир Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина, тоа е клучно, но на Украина никогаш не и беше ветено дека ќе стане дел од НАТО како дел од мировниот договор“, рече Руте.
Европските лидери претходно го предупредија Вашингтон против украинскиот мировен договор со Русија зад нивниот грб додека се обидуваат да обезбедат место на преговарачката маса, откако американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со Путин и најави почеток на преговорите.
Потегот на Трамп ги вознемири европските земји кои сакаат да играат централна улога во мировните преговори бидејќи секој договор за Украина, која Русија ја нападна пред три години, ќе има последици по нивната безбедност.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет во средата изјави дека е нереално Украина да се врати на своите граници од пред 2014 година и дека членството на Украина во НАТО нема да биде дел од мировниот договор.
Во 2014 година, Русија го окупираше и анектираше украинскиот полуостров Крим.
Европските лидери тврдат дека една од причините зошто треба да бидат вклучени во преговорите е тоа што Вашингтон јасно стави до знаење дека очекува од нив да дадат безбедносни гаранции за секој мировен договор, што може да значи распоредување на европски трупи во Украина.
Ново на Сител
-
Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот
-
Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027
-
Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите
-
Рјабков: Русија и Украина би можеле во Истанбул да разговараат за одржлив мир
-
Сакајте се така ќе ги сакате и другите | Даниел Трбогазов | Личен развој |Sitel Podcast 094
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите