Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека возачот, барател на азил од Авганистан, кој со својот автомобил влета во група луѓе во Минхен „не може да се надева на милост“ и мора да ја напушти земјата.
„Овој сторител не може да се надева на никаква милост.
Тој мора да биде казнет и мора да ја напушти земјата“, рече Шолц, пренесе германскиот магазин „Фокус“, откако 28 лица беа повредени кога 24-годишен бегалец од Авганистан влета со својот автомобил во толпа.
Шолц рече дека мора да се преземат итни мерки против можните закани. Како што претходно беше соопштено, меѓу повредените има и дете, кое е во тешка состојба.
Инцидентот се случил околу 10:30 часот кога возач со автомобил забрзал, а потоа удрил во демонстранти во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците „Верди“.
Како што јави ФАЗ, полицијата потврдила дека се работи за намерен напад.
Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман изјави дека 24-годишниот возач и претходно и бил познат на локалната полиција поради неговите врски со злоупотреба на дрога и кражби.
Возачот е уапсен и, според полицијата, не претставува опасност за околината.
Ново на Сител
-
Му се заканиле со нож, му одзеле 3000 денари, па го удриле неколку пати и избегале
-
Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“