Струјата во прв блок поевтинува за 5,16 отсто, поскапува во трет и четврт блок
Цената на струјата за домаќинствата од 1 јануари се намалува за 5, 16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88 а за четврт блок за 1,86 отсто.
Како што истакна претседателот на Регулаторната комисија за енерегетика Марко Бислимоски, тоа го овозможи воведувањето на Надоместот за пристап до мрежа од 200 денари месечно. Во спротивно ќе имало поскапување за 3,4 отсто во прв блок, за 8,62 во втор, за 9,46 во трет и за 4,92 во четврт блок, додека евтината тарифа ќе се зголемела за 15,42 отсто. Дополнително, како што рече, овозможиле намалување на мрежарината за речиси 23 отсто.
-Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите, рече Бислимоски, истакнувајќи дека одлуката е во насока на заштити стандардот на граѓаните.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп