-->
-->
Средба Ахмети-Курц: Поддршка за евроатлантската интеграција на Македонија
-->
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска се сретна со премиерот на Австрија Себастијан Курц, кој престојува во официјална посета на Македонија.
Како што соопшти ДУИ, на средбата станало збор за предизвиците на Македонија и регионот, а австрискиот премиер ја истакнал големата поддршка од Австрија за евроатланската интеграција на Македонија и за потребата од понатамошни реформи.
- Австрискиот премиер се враќа во Скопје за да ни даде поддршка на нашиот пат кон НАТО и ЕУ. Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех - евроатланската интеграција, истакнал Ахмети.
Тој се заблагодарил за искажаната поддршка и ветил дека ДУИ со посветеност ќе работи за реализација на договорот и за понатамошно реформирање на општеството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра