Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
Предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски, во вторник ќе се најде на владина седница. Од Министерството за правда велат дека работат на документот во кој ќе бидат наведени аргументите за разрешување, а откако владата ќе го усвои, ќе биде испратен на разгледување во Советот на јавни обвинители. Премиерот Мицкоски, вели постапката е во тек и ќр се одвива според предлогот кој го подготвува правда.
„Задолжно е министерството за правда, министерот да достави процедурата како ќе оди и сега на владината седница задутре, тоа ќе го поминеме. Процедурата е тргната, нема застанување“, изјави Христијан Мицкоски, премиер.
Како причини за смена на државниот обвинител, владата ги наведе, нарушениот углед и функционалност на обвинителството, незаконски постапувања и корупција, влијание и неефикасност. Дополнитлено, се тврди дека Коцевски намерно и неоправдано направил крупна професионална грешка.
Од опозициската СДСМ повикаа, политиката да стои настрана, а процесот да се одвива согласно законите кои регулираат во кои случаи може да се поведен дисциплинска повреда против јавен обвинител.
„Сметаме дека треба да се остави на државниот апарат да го реши проблемот. Да политичките влијанија се намалат во целиот овој процес и да се тргнат рацете од правосудството и да продолжи да функционира судството и правосудството во нашата земја бидејќи тоа е темелот на поставување на здравите темели на општеството“, изјави Методија Илиевски, Потпретседател на СДСМ.
Во меѓувреме, обвинителот Коцевски изјави дека доколку се потврди оти сторил дисциплинска повреда, сам ќе ја напушти функцијата. Повика, целиот процес да се води според Законот за јавното обвинителство. Смета дека во својата едногодишна работа не направил никаква грешка, па остава јавноста да цени дали неговото разрешување ќе биде на како што вели, законит или незаконит начин.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар