Советот за безбедност на ОН повика на брзо формирање влада во Либан
Советот за безбедност на ОН синоќа повика на брзо формирање влада во Либан во, како што рече, „клучна“ фаза за стабилноста на земјата и регионот по претседателските избори.
Поздравувајќи го изборот на Џозеф Аун за претседател на 9 јануари, пополнувањето на функцијата по повеќе од две години и назначувањето на Наваф Салам за премиер, Советот за безбедност ги „охрабрува“ новите лидери „брзо да формираат влада“.
- Советот за безбедност нагласува дека формирањето влада е од клучно значење за стабилноста и отпорноста на Либан на регионалните и националните предизвици и ги охрабрува сите страни во Либан да покажат зголемено единство во постигнувањето на оваа цел, се вели во соопштението.
Советот за безбедност, исто така, ја потврдува својата цврста поддршка за територијалниот интегритет, суверенитет и политичката независност на Либан и ги повикува сите страни да го почитуваат ноемврискиот прекин на огнот меѓу Израел и Либан.
Израел го засили својата бомбардирање во септември и испрати војници во Либан по речиси една година прекугранични престрелки со проиранскиот Хезболах.
Кревкиот прекин на огнот стапи на сила на 27 ноември, но Советот за безбедност е загрижен поради извештаите за прекршување на договорот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија
-
Веќе пет дена гори депонијата кај Прилеп
-
Штипска Онкологија има недостаток од кадар и просторни услови
-
Мицкоски во касарната ,,Гоце Делчев"
-
Преглед на вестите од светот
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи