Снежен бран во Грција – затворени училишта во северниот дел на земјата
Основните и средните училишта во повеќе општини во северниот дел на Грција денеска ќе бидат затворени поради снежната бура што од вчера ја зафати земјата, а на одредени патни правци постои забрана за сообраќај на тешки возила, јави дописничката на МИА од Атина.
Научната Комисија за проценка на опасности од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита вчера одржала вонреден состанок и, според грчките медиуми, издадена е препорака за забрана за сообраќај на тешки возила до денеска во 14 часот на одредени патни правци во северна Грција, а ланци за автомобилите се задолжителни низ мрежата на регионите Епир, северна Грција, Тракија и западниот дел на областа Тесалија.
И додека на северот има врнежи од снег со температура меѓу минус четири и три степени, во јужниот дел од континентална Грција е интензивен дождот, додека на островот Крит, температурата е меѓу 18 и 19 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-
СДСМ и ДУИ обвинуваат дека Меџити го злоупотребил законот, Мицкоски им врати – доставете докази
-
Реконструкции во здравствениот сектор – нов лик на ГОБ ,,8-ми Септември" и карил
-
МОН прави чистка во научно образовните установи – затворен уште еден институт од Скопје
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица
-
Реконструкција на Охридскиот аеродром и Скопската болница