Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите остануваат затворени уште една седмица
Поради сеизмичка активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, училиштата на четири грчки острови ќе останат затворени уште една седмица, одлучија членовите на надлежните комисии при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, од каде што соопштија дека од 1 февруари биле регистрирани над 1.368 земјотреси посилни од три степени, јави дописничката на МИА од Атина.
Evening in Santorini – Thira town and Aegean sea at sundown, Greece – Landscape
Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи се затворени од почетокот на месецов, новата одлука важи до 28 февруари, а за враќањето на учениците во училишните клупи, надлежните комисии ќе разговараат на следниот заеднички состанок закажан за четврток попладне.
На заедничкиот состанок на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и Комисијата за следење на вулкански активности во надлежното Министерство била разгледана актуелната ситуација и членовите едногласно констатирале дека „сеизмичката серија во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос бележи опаѓање, со над 1.368 земјотреси од 1 февруари со јачина од над 3 степени и со максимална регистрирана магнитуда од 5,3 степени“, дека сеизмичка активност се должи на подводни раседи и дека „сеизмичката активност во калдерата останува на истото ниво како, а „во поширокиот регион на Санторини се забележува намалување на темпото на деформација на тлото“.
Паралелно потсетија на превентивните мерки за граѓаните, односно да избегнуваат големи собири во внатрешноста на објектите; да избегнуваат напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во пристаништа Амуди, Армени, Крфос и старото пристаниште во Фира; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, поради опасност од појава на одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис неговиот традиционален неделен преглед на Фејсбук, денеска го започна со земјотресите во близина на Санторини посочувајќи дека „бројот на потреси е намален во последните 24 часа, но научниците продолжуваат деноноќно да ја следат појавата, проценувајќи дека ќе треба време за сеизмичката активност целосно да запре“.
Додаде дека покрај мерките за поддршка на бизнисите и вработените што минатата седмица ги најавија, од Министерството за внатрешни работи, надлежно за општините ќе биде одвоена вонредна помош од 850.000 евра за Санторини, Аморгос, Анафи и Иос.
Ново на Сител
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење
-
Детектор: Средна оценка 2.5 за владеењето на правото во Македонија
-
Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот
-
Без вода утре дел од Центар
-
Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија и да градиме сојузништво
-
Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните