Македонија
24. February 2025 - 12:28

Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари

Обучени лица и со соодветна заштитна опрема ќе бидат вклучени како волонтери доколку има потреба од гаснење на шумски пожари во иднина .Големите пожари на Галичица изминатото лето го вклучија алармот надлежните најавија селекција на оние кои како доброволци ќе бидат вклучени како дополнителна помош особено во летниот период кога има зголемен број на пожари.

Значајно е носењето на Националната стратегија која во моментов се работи, но и истата да биде применлива во пракса. Потребна е и поголема координација на службите и активности за превенција односно заштита на шумите.

Инаку во земјава во периодот јули –август биле регистрирани 3000 пожари на отворен простор од кои како што велат надлежните 99 проценти биле подметнати.