Карневалски подготовки во Струмица
Привршуваат подготовките за новото издание на струмичкиот карневал. На неколку дена пред почетокот на осумдневните карневалски свечености полни се и работилниците и хангарите. Карневалските групи и здруженија неуморно рачно ги изработуваат и најситните детали на новите маски. Така е и во граѓанското здружение Струма во кое подготовките започнале пред неколку месеци.
Струма е редовен учесник на карневалот , од почетокот на неговата организирана форма. Секоја година имаат нова и посебна тема на маската. И годинава ќе бидат во категоријата до 50 учесници и најавуваат оригинална маска и спектакуларен настап.
Карневалски свечености во Струмица годинава започнуваат во среда на 26 февруари кога карневалџиите ќе го преземат клучот на градот со што и официјално запонуваат да владеат со истиот. Тие имаат мандат од осум дена, период во кој е планирана богата културна и забавна програма поврзана со карневалот. Осумдневните карневалски свечености завршуваат на 5 ти март со одбележувањето на празникот Тримери посветен на армасаните девојки.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар