Шпанската влада ја отфрли идејата за референдум за независност на Каталонија
Шпанската влада го отфрли предлогот на автономната област Каталонија за одржување референдум за независност, јави ДПА.
-Додека е владата на премиерот Санчез, нема да има референдум за независност на Каталонија, изјави министерката за финансии и јавни услуги, Марија Хесус Монтеро Куадрадо, во Мадрид.
Таа посочи дека каталонската Влада, на регионалниот премиер Пере Арагонес, мора да се придржува до уставот на Шпанија.
Арагонес во Барселона изјави дека предлогот „за решавање на каталонскиот проблем“ ќе биде изготвен во консултација со различни групи во општеството и ќе биде претставен во Мадрид најдоцна на почетокот на 2024 година. Арагонес додаде дека целта е да се направи референдум, сличен на оној во 1995 година во канадската провинција Квебек, каде што гласачите ја отфрлија независноста.
-Никој не е задоволен од застојот во Каталонија, рече тој. „Конфликтот продолжува“, додаде каталонскиот премиер.
Иако од различни причини, неговата изјава беше критикувана не само во Мадрид, туку и од активисти во Каталонија кои се залагаат за независност на регионот. За разлика од левичарската „Републиканска левица на Каталонија“, предводена токму од Арагонес, другите партии, како што е конзервативната „Заедно за Каталонија“, сакаат регионот да стане независен без да се чека одобрувањето на референдумот од Мадрид.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам