Свет
30. December 2017 - 18:22

Северна Кореја испрати порака до светот: Не запираме, нуклеарната програма нема да се менува

Северна Кореја не планира да прави промени што се однесува до политиката на земјата за нуклеарна и ракетна програма, пишува националната новинска агенција во Пјонгјанг.
 
Од Пјонгјанг испраќаат порака до светот да не очекува никаква промена во политиката на земјата и дека нејзината суштина како непобедлива сила не може да се занемари ниту да се надмине.
 
„Пробните обиди на САД против Северна Кореја во политички, економски, воени, дипломатски и во сите други сфери не можат да го сопрат напредокот на нашата земја“, стои во соопштението од Пјонгјанг.
 
Изминатава година Северна Кореја изврши вкупно 16 тестови на проектили, а досега најсилната нуклеарна проба се случи на трети септември.