СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ фатени со рацете во медот, за лични интереси загрозуваат проект важен за скопјани
ВМРО-ДПМНЕ самите се фатија со рацете во медот, се искараа меѓусебе за пари, бизнис интереси и тендер од 136 милиони евра.
Ова го потврди вистинското, криминално лице на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ заради бизнис интереси и пари го загрозува проектот за пречистителна станца во Скопје и предизивкуваат дирекнта штета на граѓаните и на градот Скопје.
Кавгите, за лични интереси се закуваат да го блокираат тендерот од 136 милиони евра наменет за пречистителна станица, и го доведуваат под прашање овој капитален проект, важен за граѓаните, финансиран од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.
Додека тие се караат, Скопје цела година стагнира.
Граѓаните не ги интересираат односите на Арсовска и Мицкоски, дали им се нарушени, дали со тоа кријат нешто друго или не.
Скопјани очекуваат развој на градот, реализација на ветените проекти кои никаде ги нема.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила