СДСМ: Мицкоски и Апасиев се осамени против ЕУ
Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се единствените политичари кои јавно се декларираа како анти ЕУ политичари, кои работат против интеграцијата на државата во ЕУ.
Мицкоски и Апасиев заедно работеа на дестабилизација на државата, заедно ширеа лажни вести и хистерија, заедно креираа крвави сценарија што не им успеаја.
Денес, освен Апасиев и проруската Левица, никој повеќе не верува во лагите на Мицкоски уште помалку некој го поддржува во идејата за референдум која служи само за негова лична, внатрепартиска употреба.
Поради таквиот однос Мицкоски се испокара со коалициските партнери, затоа и другите опозициски партии му го свртеа грбот.
Мицкоски е осамен, придружуван единствено од Апасиев со кого заедно работат за туѓи центри на моќ.
Нивните деструкции и обиди за изолација на државата нема да успеат, нивните блокади повторно ќе бидат поразени од граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста - СДСМ
Ново на Сител
-
12 повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат испратени на домашно лекување
-
19 годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница
-
Мицкоски: Постапката за разрешување на Коцевски во моментов ќе биде запрена
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Ќе се менува законот за угостителска дејност
-
Минималната плата ќе биде донесена на денешната Владина седница и ќе изнесува 24.400 денари
-
Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата
-
Преглед на вестите од светот