Македонија
25. March 2025 - 12:46

Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата

Доколку од Психијатриската болница во Демир Хисар не известија дека имаат побегнат пациент кој што таму е сместен и е директно поврзан со дело и закани кон наш вработен ние ќе го зголемевме нивото на безбедност во установата и можеби ќе се спречеше немиот настан. Со овој став денеска излезе директореот на Центарот за социјлна работа од Прилеп, каде што вчера 50 годишниот А.Ј. од Прилеп пукаше со пипштол во една социјална работничка и тешко ја повреди. Останува засега нејасно дали целиот случај е последица на пропуст во комуникацијата помеѓу институциите.

„Јас не добив никакво известување дека е избеган за да ние го подигнеме нивото на подготвеност и очекуваните можни сценарија бидејќи знаевме и колешката во континуитет пријавуваше бидејќи тој и приватно, после работно време и се закануваше, за тоа си има податоци во МВР. За жал ние не бевме известени и кога јас лично го видов се изненадев затоа што мислев дека тој е се уште во Демир Хисар во болницата. Се обидов вчера да го контактираме директорот на Психијатриската болница во Демир Хисар, но не ми се јави човекот, незнам ниту дали е тој бројот“, вели Зоран Малкоски, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

И нашата екипа и вчера и денеска побара став од директорот на Психијатриската болница во Демир Хисар но не можевме да го добиеме на телефон. Исто за ваквата ситуација досега нема ниту став од полицијата. Инаку вчера во Центарот се одвивала вистинска драма, а случајот можел заврши уште потрагично затоа што сите вработени мислеле дека А.Ј. носи само пиштол плашливец со ќорци. Се започнала од просторијата пред канцеларијата на директорот каде сега осомничениот испукал неколку куршуми, а драмата продолжила со пукање и во канцеларијата на директорот.

„Се боревме на некој начин со сторителот, тој цело време имаше пиштол во раката, но јас сметав дека не е вистински пиштол. Успеав да го донесам во мојата какнцеларија да го неутрализирам за да го донесам до ѕидот позади мене, тој за жал испука и тука куршуми, јас бидејќи бев свртен со грбот кон вратата не видов дека колешката која е повредена во тој момент поминала од тука и незнам како е таа повредена и во кој момент е повредена“, додаде Малковски.

Повредената социјална работничка е надвор од животна опасност и се наоѓа во прилепската болница. Денеска во 12.30 часот во повеќе градови е закажан мирен протест на социјалните работници кои ќе бараат зголемување на нивото на нивната безбеност.