Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица
Скопското јавно обвинителство покрена обвинение за две лица за разбојништво направено во продавницата за бела техника „Нептун“ во Градскиот стадион во Скопје, од каде под закана со лажно оружје одзеле над 650 илјади денари.
- Двајцата обвинети, на 29.11.2024 година, со електрични тротинети дошле до продавница за бела техника „Нептун“ во Градскиот стадион, маскирани со маски, шалови, качулки и ракавици, како и со пластични пиштоли во рацете. Едниот од нив на појасот носел и рачно изработена направа од два факли – пиротехника. Влегле во продавницата во која во моментот имало повеќе возрасни вработени лица и купувачи, како и три деца, па на присутните им се заканиле со наводното оружје. Од продавницата, под закана дека ќе нападнат врз животот и телото на присутните, одзеле 554.146 денари и уште 43 ваучери во вкупна вредност од 115.000 денари. Обвинетите потоа ја напуштиле продавницата, меѓутоа во непосредна близина биле затекнати од полициски службеници кои ги уапсиле, информираат од Републичкото јавно обвинителство.
Заедно со поднесеното обвинение јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.
Ново на Сител
-
Уапсен 34-годишник од Албанија на „Блаце“, бил баран со потерница за трговија со дрога
-
Тешко повреден 25-годишник од Скопје, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од коловозот
-
Јон Фрчкоски: За грешките од минатото не се гордеам но нема да бидат товар за СДСМ, се повлекувам од позицијата во партијата
-
Дали тоа што го користи Јон Фрчкоски е кокаин, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ
-
674 сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава
-
Вработен во УЈП му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола
-
ЕУ предвидува исклучоци од најавените заштитни мерки за увозот на челик
-
Црвен крст: Исплатена помош на 58 семејства на починатите и на 99 на повредените лица во пожарот во Кочани