00:00           
00:00
 
00:00
         
 
 
Свет
25. March 2025 - 12:44

Преглед на вестите од светот

Разговорите меѓу Русија и САД во С.Арабија траеа повеќе од 12 часа

Делегациите на Русија и на Соединетите Американски Држави синоќа ги завршија разговорите во Саудиска Арабија, кои траеја повеќе од 12 часа. Преговорите се одржуваа зад затворени врати во хотелот „Риц Карлтон“.

Според руската страна, нивниот претставник Григориј Карасин, изјави дека „состанокот поминува во креативна атмосфера“ и дека „страните воделе интересна дискусија за актуелни теми“.Американската делегација во Саудиска Арабија се американскиот специјален пратеник за Украина Кит Келог и американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц.

Клучен фокус на преговорите беше обезбедувањето запирање на нападите врз енергетските капацитети. И Русија и Украина начелно се согласија на ова делумно примирје, но тоа допрва треба да се спроведе. Соединетите Американски Држави, исто така, вршат притисок за продолжување на прекинот на огнот на бродските рути во Црното Море.

Претходно, саудиски медиуми во Ријад САД разговараа и со украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.

И додека траат преговорите за прекин на огнот Русија и Украина објавија дека собориле голем број меѓусебни воени беспилотни летала, а руската страна ја осуди Украина за нападот на нејзината транзитна станица за нафта, на што Украина не одговори.

Продолжуваат протестите во турските градови како поддршка за градоначалникот на Истанбул

Антивладините демонстранти и полицијата повторно се судрија во Истанбул во понеделникот откако турскиот суд го затвори градоначалникот на градот, Екрем Имамоглу, во очекување на судењето за обвиненија за корупција.

Демонстрантите се собраа пред полицијата на патот кон плоштадот Таксим. Друга дел тргна кон зградата на општината, а некои останаа на мостот Галата за да го блокираат сообраќајот.

Одлуката да се испрати Имамоглу во затвор ги разгоре најголемите протести во земјата во повеќе од една деценија и доаѓа откако главната опозициска партија, европските лидери и десетици илјади демонстранти ги критикуваа постапките против него како политизирани и недемократски. Немири имаше и во главниот град Анкара.

Имамоглу се смета за главен политички ривал на претседателот Тајип Ердоган.

Турскиот претседател Таип Ердоган рече дека протестите поради затворањето на градоначалникот на Истанбул станале „движење на насилство“ и дека главната опозициска партија ќе одговара за повредени полицајци и материјална штета.