Боре Видевски: Немам ништо со убиствата, полицијата ме тепаше по трансплантираниот бубрег, морав да потпишам признание
Боре Видевски обвинет за двојното убиство на малолетната Вања и велешанецот Панче Жежовски вчера во Кривичниот суд негираше вина и тврдеше дека не учествувал во киднапирањата и убиствата на жртвите, а признал затоа што полицијата многу го тепала откако бил приведен.
Бил поддржувач на партијата на Палчо, „Десна„ бидејќи ги делел ставовите на паријата, но кажа дека нема никаква врска со групата која требало да киднапира, заради пари што им ги ветувал Палевски како што тврдеше Манев.
-Под одредени сознанија на претседателот на партијата, Љупчо Палевски, сметавме дека има некаква опасност да се смени името на МПЦ-ОА, во Црква на Северна Македонија. Се заземаа ставови. Првично се креираше една декларација за тоа прашање. Ние, членовите, имавме задача да ги собираме тие декларации од целата држава. Целта беше да се соберат најмалку 150.000 декларации, после да се направат митинзи, повеќе литии низ градовите во Македонија во тамошните цркви. Планот беше првата литија да се направи во Велес и затоа подготовките почнаа во Велес. Претпоставувам дека тоа што сме го гледале на видеата е една од таквите подготовки – рече Видевски.
Адвокатот го праша кај бил пред и на денот на киднапирањето на Панче Жежовски.
-На 21 бев на работа. Вечерта имав слава Св. Архангел Михаил. На 22 и на 23 ноември исто така бев на работа како и на 24.11.2023 година - рече Видевски и додаде дека обично на работа останувал до 15 часот.
На 26 ноември, ден пред да биде грабната и убиена Вања, за што во обвинението пишува дека Боре ја совладал Вања и со Велибор ја ставиле во гепекот на „цитроенот“ на убиениот Панче, тој кажа дека бил во Скопје и си заминал вечерта дома.
Утредента бил во Скопје во партијата „Десна”. Вели дека не ја грабнал Вања, тврди дека спиел и станал во 10 часот.
Приведен бил на 3 декември во полициската станица Велес, а потоа бил однесен во Скопје, каде бил многу тепан, за да признае.
Кога им кажал „не знам ништо“, уште повеќе почнале да го маваат, тврдеше тој. Не го мавале по главата, го удриле како што тврдеше, по трансплантираниот бубрег.
-Ме прашуваа зошто сум ги направил киднапирањата, убиствата. Ми покажуваа слики од нивните мобилни телефони, имаше една и од убиеното девојче. Но и една слика од лев дел на шофершајбна и странично десно стакло на вратата. Имаше човек, рака, дел од рамо и тегет адидас тренерка. Удираа и велеа еве си ти на сликата. На крајот го постигнаа тоа што го сакаа. Добија изјава во која јас сум виновен, ја направија изјавата и ме натераа да потпишам- даваше одбрана Видевски.
За таткото на Вања, Александар Ѓорчевски исто така тврдеше дека рекол дека го знае под присила.
-Дојде третото лице со палка и ми рече ќе те убијам ако не кажеш дека го познаваш. Потоа и пред обвинителката тоа го кажав – рече Видевски. За убиствата првоосомничен Палевски, потоа Манев, Видевски, Влатко Кешишев, а Ѓорчевски се сомничи за помагање.
Ново на Сител
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри
-
Избран нов градоначалник на Истанбул по апсењето на противникот на Ердоган
-
Скопјанец се заканувал на сосетка, скршил ветробрански стакла на две возила и прозорци на куќа
-
Мицкоски: Јован Костадинов, херојот кој покажа што значи човечност
-
Ефективниот притвор за двајца поранешни градоначалници на Кочани заменет со куќен притвор
-
Уапсен 34-годишник од Албанија на „Блаце“, бил баран со потерница за трговија со дрога
-
Тешко повреден 25-годишник од Скопје, изгубил контрола и со моторот излетал од коловозот