Санација на три објекти од стара градска архитектура во Битола
Три објекти од крајот на 19-тиот и почетокот на 20 век кои се наоѓаат во старото јадро на Битола ќе бидат санирани до крајот на годинава, во рамки на проектот на Министерството за култура за обнова и конзервација на фасади од стара градска архитектура во градовите низ Македонија.
Санациско-реставраторските зафати ќе бидат извршени на фасадите на Безистенот - значаен споменик на културата од османлискиот период, гимназијата „Јосип Броз Тито“ и Музичкото училиште во Битола. Надлежна установа е НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Битола.
- Финализацијата на проектите, преку кои ќе биде зачувана автентичноста на спомениците на културата и на споменичните целини од богатото архитектонско наследство на нашата држава, треба да биде до крајот на 2015 година, а во тек се административните процедури за одобрување на проектите и тендерските постапки за избор на најповолни изведувачи на работите на трите објекти, информира Министерството за култура.
Во Битола во изминатиот период беше реставрирана и внатрешната фасада на објектот во кој е сместен Заводот за заштита на спомениците.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството