Македонија
3. January 2025 - 16:48
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
Мостот на Вардар кај Башино Село целосно ќе се затвори за сообраќај, како за лесни, така и за тешки товарни возила. Експертите од областа утврдиле дека е небезбеден за користење.
Затворањето на мостот ќе предизвика голем сообраќаен хаос во Велес, бидејќи низ мостотот циркулираа камиони кои пренесуваа камења од многубројните каменоломи до индустриската зона во Велес. Сега, овие тешки товарни возила ќе мора да минуваат низ центарот на Велес за материјателите да бидат доставени до компаниите. Целосната санација на мостот се очекува да биде завршена за 2-3 месеци.
Мостот е изграден во 1971 година, долг е 101 метар, а не е реконструиран повеќе од 53 години.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->