Охрид најавува година на капитални инвестиции
Историски најголемиот буџет на општина Охрид за оваа година најавува инвестициски бум.Градоначалникот Пецаков истакна дека станува збор за перспективен буџет кој ќе значи развој на градот и капитални инвестиции, за уредување на плоштадот Крушевска Република веќе е добиено одобрението а наскоро охриѓани ќе ја добијат и првата катната гаража.
Опозицијата од советот на општина Охрид пак на став дека граѓаните се тие кои треба да бидат креатори на буџетот бидејќи тие најдобро знаат што име потребно.
Покрај капиталните инвестиции, од општината потенцираа дека ќе се инвестира и во животна средина, туризмот, локалниот економски развој, спортот, културата и социјалната заштита.
Основниот буџет на Општина Охрид за 2025 година изнесува (19.5 милиони евра).
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар