ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
Битолското обвинителство ќе го истражува случајот за мртвата мечка со која е сликан заменик директорот на Македонија пат. Кога била сообраќајката и како е удрено животното како што тврди Сашо Дранго, колку е оштетен автомобилот што учествувал во несреќата, како голема мечка завршила во шумата обесено на сајла? Многу прашања и дилеми кои ги поставуваа граѓани на социјалните мрежи откако веста стана популарна за кратко време.
- По објава во медиумите оформен е предмет и се постапува за да се утврди што точно се случило, велат од Основното јавно обвинителство во Битола. Оттаму ќе се обратат и до Анима Мунди за да ги достават нивните материјали.
Го побаравме за став и Сашо Дранго. Вели ќе бара извинување од Анима Мунди и потврди дека нема дозвола за оружје а пушката на сликата не била негова.
И додека заменик директорот на Македонија пат има своја верзија за случувањата за наводна сообраќајна несреќа во која настрадала мечката, од СВР Битола велат дека кај нив нема таков пријавен случај. Тоа е дилема и на Анима Мунди од каде очекуваат дека ќе има кривична одговорност за Дранго.
- Јас искрено очекувам дека ќе има кривична пријава за господинот. Зошто би некој удрена мечка ја земал, ја пренесувал таа мечка, па таа не е 10 -20 кила, тоа е огромна тежина. Би ја пренесувал во планина, би ја закачувал на сајла, и би се сликал со нејзе како трофеј. Притоа и носи оружје со дурбин , знаеме дека дурбинот е стрелање во далечина и се смета за неспортско оружје и мислам дека за ноа и нема дозвола како што јас имам информации, таа пушка ја поседувал незаконски. Доколку бил таму како член на Македонија пат, зошто е во ловџиско одело, зошто носи пушка, вели Столе Велковски од Анима Мунди.
Според македонското законодавство за мечката има трајна забрана за лов. Согласно Кривичниот законик, пак, ловењето на дивеч под заштита е казниво со една до 5 години затвор.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар