Свет
31. May 2017 - 8:41

САД успешно спроведоа вежба за одбрана од балистичка ракета

Американската војска успешно изведе вежба за соборување ракета над Тихиот Океан, соопшти денеска Пентагон.

Тоа е прва вежба од тој вид изведена во изминатите три години и тоа е прв тест, кој директно се занимава со сценарио на можен напад на интерконтинентална балистичка ракета, како што развива Северна Кореја.

Пентагон прецизираше дека ракетата пресретнувач е лансирана од воздухопловната база Вандерберг во Калифорнија и таа успешно ја погодила лажната ракета лансирана од полигонот во Тихиот Океан, додека била надвор од атмосферата на Земјата.