-->
-->
Русија и Кина го „газат“ доларот: Путин и Џинпинг си подадоа рака за користење на националната валута
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2018/september/dnjljfeljfgre-191566.jpg?itok=r1ONIbZc)
- Руската и кинеската страна ја потврдија заинтересираноста за активна употреба на националната валута на заедничките сметки. Тоа ќе ја зголеми стабилноста на банкарските услуги за извозна -увозна трансакција во услови на постоечки ризици на глобалниот пазар, рече Путин.
Според неговите зборови, во првата поволна година на билетералниот трговски обрт зголемен е за скоро третина и достигнал 50 милјарди долари.
- Постои причина да се верува дека до крајот на годината можеме да достигнеме до рекордот на ниво на трговскиот промет од 100 милјарди долари, додал рускиот претседател.
Соработка и во областа на енергетиката
Путин додал дека Русија и Кина ќе развијат соработка во областа на енергетиката вклучувајќи ја и областа на мирнодопска нуклерна енергија.
- Важна област е соработката со енергетиката. После цела година сме во кругот на меѓудржавната соработка меѓу Русија и Кина каде што се испорачани 30 милиони тони нафта, а земајќи во предвид комерцијалната испорака, таа цифра преминаува на 50 милиони тони. Според планот се гради гасовод „Силата на Сибир“, чиј почеток е предвиден за крајот на 2019 година. Усогласени се основните услови на испорачување на гасот со Далечниот Исток, истакна рускиот претседател Владимир Путин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат