Русија ги обвини САД дека често пати не ги погодуваат терористичките цели во Сирија
Руското Министерство за одбрана денеска реагираше на критиките од страна на САД за руската военовоздухопловна кампања во Сирија, обвинувајќи ги американските военовоздухопловни сили дека самите не секогаш ги бомбардираат објектите на џихадистичката група Исламска држава, пренесе ТАСС.
-Американските и други военовоздушни сили веќе една година изведуваат напади, но ние имаме основаност да претпоставуваме дека тие не секогаш, и поточно, многу често не нанесуват удари врз терористички цели, изјави портпаролот на министерството генерал-мајор Игор Конашенков.
Тој ова го изјави во коментар за изјавата на американскиот министер за одбрана Ештон Картер за руските напади во Сирија.
Шефот на Пентагона уште еднаш кажа дека руските воздушно-вселенски сили продолжуваат да изведуваат напади врз цели кои не се на Исламска држава.
-Должни сме да кажеме дека... тоа не е така. Ние удираме само врз терористите, рече Конашенков во одговорот на прозивката.
Ново на Сител
-
Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана, бидејќи не се знае во чие владение е салата, следуваат кривични пријави
-
Вреди задоволни што сработиле во првите 100 дена во Владата на Мицкоски
-
Анкета на Мкд.мк: Рејтингот на власта расте, но корупцијата се уште е најголем проблем
-
Лани околу 9000 пациенти во Македонија починале од кардиоваскуларни заболувања
-
Околу два милиони денари од хуманитарниот пикник на Алкалоид за СОС Детско село
-
Непалците ја користат нашата држава како попатна станица кон Европа
-
Од 30-ти септември до 2-ри октомври „Денови на модата“ во Штип
-
Израел се подготвува за инвазија во Либан