Македонија
29. September 2024 - 16:33

Анкета на Мкд.мк: Рејтингот на власта расте, но корупцијата се уште е најголем проблем

Речиси третина од граѓаните, 27,7 отсто, сметаат дека криминалот и корупцијата се најголемиот проблем со кој се соочуваме во земјава. Ова го покажува последната анкета на порталот мкд. Мк за тоа кои се најголемите проблеми со кои се соочува државата, но и каква е довербата во политичките партии по изборите.

Сепак, тоа е намалување од речиси два отсто во споредба со истото истражување спроведено во март годинава.  Потоа следат инфлацијата со над 15 отсто, растот на цените и зголемените трошоци за живот. Испитаниците одговориле дека за нив голем проблем се и невработеноста, ниските пензии и плати, проблемите во здравството, емиграцијата, образованието, судството…

Во анкетата се проверувало и мислењето на граѓаните за предложената мерка на Мицкоски да се распушти Судскиот совет за подобрување на правосудниуот систем. Позитвно на мерката одоговориле 43,2 отсто од испитаниците, додека пак, 33,4 проценти ја оцениле како негативна.

Од партиските рејтинзи доколку утре се оддржат избори, владејачката ВМРО-ДПМНЕ би добила најмногу гласови и тоа со поддршка од над 44 проценти, пто е во пораст во однос на парламентарните избори. Пораст има и кај албанскиот владин партнер Вреди. Опозициската СДСМ е во пад и имај рејтинг од 11,2 отсто, додека ДУИ на Ахмети е во стагнација.

Интересно е што и покрај тоа што најголем дел од граѓаните знаат дека Филипче е новиот лидер на СДСМ, 28,8 проценти од испитаниците се уште немале таква информација. Најголем дел од тие што не знаат кој е новиот лидер кај опозцијата биле Албанци.

Анкетата била спроведена телефонски од 16 до 25 септември на репрезентативен примерок од 1200 испитаници.