Loading Video...
Свет
30. September 2024 - 19:53

Преглед на вестите од светот

Доколу Израел тргне во копнена офанзива во Либан, ние сме подготвени, порача заменик шефот на Хезболах ,Наим Касем во неговото прво јавно обраќање откако во петокот беше убиени првиот човек на групата, Хасан  Насрала.

Ќе се соочиме со секој можен напад и подготвени сме. Доколку Израелците решат да влезат по копно, силите на отпорот се подготвени за копнен ангажман. Ние се подготвивме, и со нашата верба  во Семоќниот Бог, уверени сме дека израелскиот непријател нема да ги постигне своите цели и ние ќе излеземе победници од оваа битка, порача Наим Касем, заменик шеф на Хезболах.

Израел продолжува  да распоредува војници и тенкови на границата  со Либан  додека од воздух  напаѓа упоришта на  Хезболах во Бејрут.  Израелската армија ја продолжува и битката со Хамас во Газа, а воздушни  напади изведува и во јеменскиот пристаништен град Ходеида, кој е под контрола на бунтовниците Хути, кои како и Хезболах и Хамас имаат поддршка од Иран. Иран нема да праќа борци во Либан и Газа, но ќе следи одзмда за изарелскките воени акциите во Либан и Газа, предупреди Минситерството за надворешн работи на Иран. Мора да се избегне сеопфатна војна на Блискиот Исток, порача американскиот претседетал Бајден и најави дека ќе разговара со изарелскиот премиер Нетањаху.

 

Две лица загинаа во големиот шумски пожар во северниот дел на грчкиот полуостроов Пелопонес во близина на градот Ксилокастро. Пожарот избуна вчера, а поради силниот ветер  брзо се прошири и зазеде големи размери. Интервенираат над 300 пожарникари со 110 возила, како и пет авиони и четири хеликоптери а помагаат и волонтери. Евакуирани се жителите на пет села во близина на огнената стихија.

Најдобар резултат на локалните избори во главниот град на Црна Гора, Подгорица постигна опозициската Демократската партија на социјалистите, но ниту една партија или коалиција не освои доволен број гласови за самостојно да формира власт. ДПС на екс претседателот Мило Ѓукановиќ доби 19 мандати во градското собрание. Движењето Европа Сега на премиерот Милојко Спајиќ и Демократите на вицепремеирот Бечиќ освоија 14, додека коалицијата предводена од некогашниот Демократски фронт има 13 мандати. Листата на претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ и Движењето УРА 6, Европскиот сојуз – три, Пресврт и Партија на европскиот прогрес (СЕП) освоија по две места. Градското собрание на Подгорица има 59 места, а за мнозинство потребни се 30 мандати .Локалните избори покажаа пад на поддршката за партиите кои  владеат со Црна Гроа и кои досега ја водеа   Подгорица.