Живот
29. September 2024 - 16:32

Од 30-ти септември до 2-ри октомври „Денови на модата“ во Штип

Од утре, во една од халите на поранешниот текстилен комбинат „Македонка“, започнуваат „Деновите на модата“ во Штип. На настанот ќе се претстават домашни компании, а присутните ќе можат да проследат ревии од студeнти под менторство на нивните професори. Настанот во целост го финансира општината, а со цел развој на локалната економија.

  • Целта е да се мотивоираат младите луѓе и помалите компании да создаваат свои брендови, со цел поголем развој на локалната економија. На настанот ќе имаме можност да погледнеме пет компании, ревии на студенти под менторство на професорки од Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД) и отворањето на Денови на модата ќе се случи во соработка со „Гласен Текстилец“. И на отворањето ќе има ревија и шоу, изјави Вишна Шорова-Ангелова, секретар на општина Штип

Сето она што нема да се види како ревија ќе биде проследено преку инсталации, кои ќе бидат поставен на влезот во објектот каде ќе се реализира настанот. Една од нив е од студентите од Технолошко – техничкиот факултет.

  • Инсталации ќе има и од средношколците од СОУ „Димитар Мирасчиев“ и ќе погледнеме една доста интересна инсталација на една млада дизајнерка која ќе има можност пред сите присутни да ги покаже нејзините креации, изјави Шорова – Ангелова.

Настанот е од отворен карактер. Во рамките на трите дена ревиите започнуваат од 19 часот и ќе траат по половина час.