Ултрадесничарите победија на изборите во Австрија
Крајно десничарската слободарска партија на Австрија победи на парламентарните избори во Австрија. Тоа е прва побеа на крајната десница по втората светска војна. Партијата чија историја се поврзува со нацизмот освои близу 29% од гласовите пред Народната партија за која гласаа 26% и Социјалдемократите кои добија поддршка од 21% од гласачите.
Иако освоија 56 места во парламентот кој брои 183 столчиња, утлра десничарите предводени од Кикл имаат мали шанси да формираат влада. За нив единствена шанса е коалиција со десничарската Народна партија од каде доаѓа и актуелниот канцелар Карл Нехамер но тој веднаш ја отфрли можноста да влезе во коалиција со Кикл.
Кикл кој целата своја кампања ја базираше на тврда позиција против мигрантите рече дека победата на неговата партија е доказ дека Австријците сакаат поцврста политика за националниот суверенитет и построги миграциски мерки. Не криеше дека планира да ги следи чекорите на унгарскиот премиер Орбан како и политиката на Трамп против помош за Украина во војната со Русија.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар