Револт на работниците во „Еурокомпозит“
Околу 100 вработени во прилепски „Еурокомпозит“ и 154-ица работници прогласени за технолошки вишок денеска пред фабриката го искажаа својот револт кон раководството, зашто се чувствуваат излажани и изманипулирани, особено по последната информација од раководството дека нема пари за плата, ниту за отпремнините.
Според претседателот на синдикатот Роберт Богданоски, трпението го загубиле и се зголемил револтот по последната информација на генералниот директор дека ја откажува исплатата на отпремнините и на платата за вработените.
-Нема ништо од тоа што директорот го вети пред Нова година. Беше ветено, ние вработените да земеме по една плата, а прогласените технолошки вишок да земат дел од отпремнините во висина од 8.000 до 10.000 денари. На вчерашната средба со раководството, директорот ја откажа исплатата на отпремнината, а нам платата. За плата вели да продолжиме да работиме, да се сработи авансот што е земен од МВР и околу 20 јануари да сме земеле некоја плата. Ние не веруваме во тоа. Се јавувавме во владата, но немаме никакви одговори, зашто надлежните биле на годишни одмори. Се собравме и на јавноста и соопштуваме дека в среда, наредната недела планираме да протестираме пред Владата, сите заедно, вработените, технолошкиот вишок, пензионерите. Немаме друг избор. Инаку, од септември досега имаме земено вкупно по 20.000 денаири, во два наврата еднаш 12.000, а другиот пат по 8 000 денари, а за технолошкиот вишок исплатена е една рата од отпремнината по 25.000 денари, иако беше ветувано до 30 ноември да земат по 50.000 денари, изјави Богданоски.
Жарко Талески, прогласен за технолошки вишок нагласува дека се чувствуваат излажани и изманипулирани од раководството иако според договорот требаше досега да добијат по 50.000 денари, што е околу половина од отпремнината, а остатокот до крајот на февруари.
-Според договорите заминавме технолошки вишок со платени отпремнини. До 30 ноември требаше да земеме по 50.000 денари, а остатокот до крајот на февруари. Но од раководството се чувствуваме измамени и изманипулирани. Инаку, за инвеститор долго време се споменува дека има заинтересирани, но досега ништо, рече Талески.
Пецо Велјаноски, еден од прогласените за технолошки вишок бара оставка од генерланиот директор на „Еурокомпозит“.
-Јас само едно му порачувам на директорот Златко Граороски: да дојди да им се извини на работниците кои со денови се малтретираат и да си поднесе оставка, зашто не може да ја води фирмата како што треба. Последната информација дека нема пари ги помина сите граници, вели Велјаноски.
Валентина Савеска, како технолошки вишок се прашува кога и дали воопшто ќе ги добијат отпремнините.
-Цело време сме без пари, нема ништо од најавите и ветувањата на директорот и ова е веќе неиздржливо. Кога ни даваше по 25.000 денари, рече да ги оставиме вработените да работат и за една недела да добиеме уште по 25.000 денари. Но ниту од тоа нема ништо, а кога ли ќе го добиеме остатокот, прашува Савеска.
Раководството најавува средба за наредниот вторник со вицепремиерот Анѓушев за да се разгледа ситуацијата, а работниците најавуваат в среда, наредната недела , протест пред Владата.
Ново на Сител
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ