Македонија
8. November 2024 - 12:30
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
Државната комисија за спречување корупција потврди дека поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, незаконски трошела народни пари.
При службено патување во Лондон минатата година, потрошила средства од буџетот на мин за култура кои не биле трошоци во интерес на патувањето туку за приватни цели.
Корупционерите на денешната седница не открија на што Костадиновска Стојчевска ги потрошила парите, но претходно од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека таа со службената картичка купила куфер, чорапи, играчки.
За ваквото трошење, дкск најави дека прибраните докази ќе ги испрати до надлежните истражни органи.
-->
-->