Два научни институти затворени, контроли и во универзитети
Вложете во вашата иднина – едногодишни и двегодишни магистерски студии за 500 евра семестар. Ова се дел од рекламите на приватниот Институт за бизнис економија во Скопје, кој поради неисполнување на условите доби клуч на врата.
По претходни контроли на просветниот образовен инспекторат, заатворена е и приватната високообразовна установа за мода сместена во Џепшиште.
Истата со одлука на Влада во 2021 година добила дозвола за работа. Од Министерството за обраование потврдија дека ги затвориле бидејќи не ги исполнуваат условите а просветниот инспекторат е во контрола и во други вакви установи.
„Процесот на затворање на два институти е комплетно завршен, продолжува во овој момент најверојатно во уште три, но и тоа треба да заврши и ќе добиете информација. Дозволете да ги затвориме и, како што кажав, транспарентно ќе објавиме“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
Нерегуларности има и кај дел од универзитетите за кои Јаневска веќе кажа дека се под лупа на просветниот инспекторат. Процесот кај дел од нив веќе бил при крај и е почната постапка за наплата на казни на рецензентски комиси, декани и ректори.
„Кај дел од универзитетите сосема е при крај процесот, односно постапивме со наплата на казни на рецензентски комисии, декани и ректори. Имаше контрола и на Универзитетот во Штип, се чека извештајот. Сите универзитети, без исклучок, ќе го поминат процесот. Секаде каде што ќе бидат завршени процесите јавно и транспарентно ќе бидат објавени резултатите, изјави Јаневска.
Пред неколку денови министерката кажа дека инспекциските контроли утврдиле неправилности на универзитетите во Тетово, Охрид и Струга.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар