Македонија
7. November 2024 - 21:13

Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата

Само со наднационален консензус ќе се дојде до квалитет во високото образование. Универзитeтскиот професор Дуев вели ако има политичка волја може да очекуваме вистински реформи. Затворањето на двата институти и утврдувањето на нерегуларности кај уште три други универзитети зборува многу за тоа како државата се доведе до ситуација да има повеќе високообразовни институции отколку во Германија, а да не сме ниту на дното на Шангајската листа. 

По затворањето на оние кои за пари делат дипломи неопходно е да се направи внатрешно рангирање по квалитет на сите универзитети. Според Дуев на тој начин ќе се регулира и пазарот на труд и ќе се стимулираат младите. 

Во Македонија има речиси 40 високообразовни установи, од нив 28 се приватни.