-->
-->
Регистриран нов земјотрес - Македонија се уште се тресе
-->
Последниот бил регистриран околу 10 часот со магнитуда од 2 до 2,5 степени според Рихтер
До 10 часот утрово сеизмолошката опсерваторија регистрирала дестина послаби земјотреси. Земјата се тресела ноќта и во текот на утрово.
Последниот бил регистриран околу 10 часот со магнитуда од 2 до 2,5 степени според Рихтер.
„После синоќешниот земјотрес во 20:57 имаше уште слаби земјотреси кои беа почувствувани. Последниот беше некаде пред половина час, но тоа беа слаби потреси со рихтерова магнитуда меѓу 2 и 2,5 степени а почувствувани се со интензитет од 3 до 4 степени според европската макросеизмичка скала” – вели Драгана Черник од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје.
Таа додава дека нема простор за паника.
„Тоа е сосема нормално таков земјотрес да биде проследен со сеизмичка активност и сосема нормално е да предизвика послаби потреси кои граѓаните ги чувствуваат.” – вели Черник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати