Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
Македонците кои добиле бугарско државјанство запишувајќи се на фиктивни адреси, ќе ги задржат пасошите, но ќе платат парична глоба на бугарските институции. По признанието вина на поранешниот градоначалник на бугарското село Рилци, вкупно 247 лица се нашле на листата дека ја злоупотребиле постапката за вадење државјанство, но нема да останат без него. Адвокатот Тони Менкиновски, вели постапката пред бугарските судови е направена по притисок на Брисел, но всушност ништо не се случува.
Проширување на случајот нема да има, смета Менкиновски иако јавно се говори дека многу поголем е бројот на Македонци кои се пријавени на фиктивни адеси во Бугарија. Постапката ќе заврши само со признанието на екс градоначалникот Живко Чукарски, вели македонскиот адвокат.
Апелира државата по примерот на европските земји преку законски решенија да ги ограничи избрани и именувани функционери имаат двојно државјанство, односно ако извршуваат јавна функција да имаат само македонско државјанство.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, издавањето на бугарски пасоши од 2016-та до 2019-та станал профитабилен бизнис за бугарскиот ексградоначалник, кој од минатитот месец е осуден со 18 месеци условна казна. Се плаќале и по 1000 евра за да се стигне до пасош, заобиколувајќи ја редовната постапка – се обезбедувале документи за потекло, фиктивни адреси и поддршка за процесот во институциите.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар