Македонија
14. January 2025 - 12:12

Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики

По повод празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, во Соборниот храм утрово беше отслужна света Василиева литургија, каде имаше голем број на граѓани. 

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар на полноќ, ја пречекаа Стара нова година, која почнува денеска на Василица.

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

- На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

Денска и василичарите од „Боемска“ ќе го одбележат празникот Василица на Боемска.

Ќе има ракија и греано вино, а настанот има и хуманитарен карактер.