Пукање пред училиште во Охрид
Инцидент со пукотница од огнено оружје попладнево се случил во Средношколксиот машинско-училишен центар „Свети Наум Охридски“ во Охрид.
Од СВР – Охрид ја потврдија информацијата, со појаснување дека едно младо лице е префрлено во болница како последица на пукотницата, но без потврда дали се работи за инцидент предизвикан од вистинско огнено оружје.
На лице место увид врши екипа на крим-техника, во присуство на јавен обвинител, што треба да ги утврди околностите во врска со инцидентот.
Непотврдени информации укажуват дека ученик на средното училиште од попладневната смена носел пиштол, притоа заканувајќи им се на другите ученици. Притоа, при испукување тој е самоповредил во предлеот на главата. Не е познато дали повредеите се опасни по неговиот живот.
Ново на Сител
-
На онкологија почна да стигнува дел од терапијата која беше дефицитарна
-
Ниту Институтот по филозофија при УКИМ не ја одобрува новата концепција за гимназиско образование
-
Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна
-
Анализа: Како техонологијата може да ви го спаси животот
-
Србија не се смирува, протестите продолжуваат
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија
-
Веќе пет дена гори депонијата кај Прилеп
-
Штипска Онкологија има недостаток од кадар и просторни услови