На Комисијата за именувања Предлог-одлуката за именување на членови на Советот на АВМУ
Два и пол месеци по јавната расправа, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за денеска во 13 часот ја закажа седницата на која треба да се утврди листата на кандидати за членови на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На јавниот конкурс за член на Советот беа пријавени 31 кандидат, но еден кандидат ја повлече кандидатурата. Пријавените кандидати ќе се борат за седум места во Советот на АВМУ. Од 30-те пријавени кандидати, Комисијата изгласа дека 24 ги исполнуваат условите, а шест не ги исполнуваат условите, затоа што не доставиле уверение за државјанство, кое било еден од условите.
Јавната расправа во ноември помина со обвинувања за политизација на регулаторното тело за медиумите. Пратениците од опозицијата реагираа дека кандидатите со политичко минато треба да имаат доблест, па како морален и етички чин да се откажат од кандидатурата. Законот забранува за член на Советот да биде избрано лице кое е именувано од страна на Собранието или Владата или кое било член на раководни органи на политичките партии во последните 10 години.
Условите за член на АВМУ ги исполнуваат Сашо Стефановски, Нафије Селмани, Драгица Љубеска, Миле Бошњаковски, Петар Џуровски, Емилија Петреска Камењарова, Шабан Даљипи, Андријана Скерлев Чакар, Лазо Петрушевски, Зоран Фиданоски, Арбен Саити, Емилија Јаневска, Давор Башоски, Даут Даути, Гордана Мајнова, Виктор Павловски, Владимир Ѓорѓиевски, Елена Стојковска, Зеријета Хајро Јајага, Цветанка Миновска, Виктор Грозданов, Стојанче Наумов, Афрона Верзиволи и Борис Арсов.
Членовите се бираат со двотретинско и со Бадентерово мнозинство во Комисијата и од Собранието.
На дневен ред на оваа седница се и Утврдувањето Предлог - одлука за објавување јавен оглас за именување претседател и членови на Државна комисија за жалби по јавни набавки и Утврдувањето Предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Куче спречи натпреварувач во уметничко лизгање да се качи во урнатиот авион во САД
-
Занаетчиите го поддржуваат бојкотот, повикуваат граѓаните да пазарат кај малите занаетчии
-
Ѓорческа елиминирана од првата носителка на турнир во Франција
-
Италијански регулатор бара од кинескиот Дип Сик одговори за користење лични податоци
-
ЛШ: Милан загуби од Динамо и пропушти пласман во Топ 8, прв пораз на Ливерпул
-
Историско полуфинале за Португалија на ракометниот Мундијал 2025
-
На Попова Шапка 0 степени, 10 измерени во Штип, Демир Капија и Гевгелија
-
Во Хрватска нов бојкот на продавниците