Македонија
29. January 2025 - 17:01

Ниту Институтот по филозофија при УКИМ не ја одобрува новата концепција за гимназиско образование

Се заоструваат реакциите за новата концепција за гимназиско образование на два дена до затворање на јавната расправа. Институтот за филозофија категорично го отфрлаат нацрт решението со кое тврдат дека се бришат корпусот филозофски предмети . Дополнително, бараат филозофија да остане задолжителен во 4та година како и до сега, но и Етика да биде воведен задолжително во трета година. За предметот логика предлагаат да биде изборен за почетно изучување. Понудија стручна помош за креирањето на наставните содржини.  

Како дисциплини чија фундаментално цел е развивањето на холистичкиот пристап кон светот, критичкото мислење и етичките вредности во личното и колективното дејствување, тие го сочинуваат јадрото на гимназиското образование, кое треба да овозможи целосен равој на личноста на ученикот, во интелектуална, морална, социјална, емоционална и физичка смисла. Токму систематското вклучување на Филозофијата, Логиката и Етиката во гимназиското образование е најдобра основа за остварување на целите на Концепцијата и за подготвување на нашите гимназијалци за рамноправно учество во глобалните трендови на светскиот развој со нивните врсници од другите земји“ стои во реакцијата од Институот. 

Претходно се спротиставија речиси сите професори кои предаваат филозофски предмети во гимназиите. Реакција испратија и професорите по ликовно и музичко кои велат  дека МОН продолжува да ги деградира нивните предмети.

„Ако нашата државна стратегија е да создаваме евтина работна сила, тогаш може да речеме дека за овие три денеции независна Македонија ние не само што не сме се кренале да создадеме мислечки луѓе, туку сме се спуштиле удолу создавајќи луѓе со единствен интерес да преживеат. “

Средношколците се согласни дека се потребни нови програми бидејќи учат по застарен модел,  но нивниот став е дека предметот филозофија треба да остане задолжителен за сите ученици. 

СДСМ ја повика министерката целосно да ја повлече концепцијата која според нив ќе предизвика долгорочни штети во образованието. Министерката тврди дека не станува збор за укинување на предмети туку реформи за кои се уште се прибираат сугестии и забелешки по што ќе се донесе конечната одлука.