Македонија
2. November 2018 - 10:19

Пукале со воздушна пушка кон езерото - ги удрија по џеб, парични казни за двајца стружани

Во Полициската станица во Струга било пријавено дека две лица  на улицата „Партизанска“, вршат испукување со пушка према езерото.

СВР Охрид денеска соопшти дека известувањето стигнало на 31 октомври оваа година, во 15 часот и 10 минути.

– По брзо излегување на посоченото место, полициските службеници ги затекнале В.И. (33) и А.Л. (27), двајцата од Струга, пришто, од А.Л. одземена е воздушна пушка- Д1 категорија односно пневматско оружје марка „Гам- ХУНТЕР ИГМ“ калибар 4,5 милиметри и кутивче со 70 патрони  и дозвола, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

По извршен разговор во полициската станица во Струга, на А.Л. согласно одредбите на Законот за оружје, изречена му е глоба во висина од 600 до 1.000 евра.