Промовирана збирка од 20 сликовници за деца
Во Детскиот креативен центар во Скопје денеска беше промовирана „Нашата прва библиотека“, збирка од 20 сликовници за деца на македонски и албански јазик. Сликовниците ќе бидат дел од секоја училница по одделенска настава во Македонија и во библиотеките.
Сликовниците ги промовираа сопругата на американскиот амбасдор во Македонија Кејпи Полк Бејли и Сузана Киранџиска, раководител на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.
Кејпи Полк Бејли нагласи дека сликовниците содржат многу повеќе од интересни и убави илустрации.
- Зборовите и приказните во сликовниците ги канат децата да спознаат нови искуства, идеи, места и луѓе. Книгите за деца ги подобруваат јазичните и комуникациските вештини, потенцира таа.
Киранџиска ги претстави сликовниците со предлог-активностите кои наставниците и родителите можат да ги користат со децата кои се описменуваат. Сликовниците опфаќаат повеќе теми блиски на децата-пријателство, чувства, наука, лица со посебни потреби...
На настанот присуствуваа родители, ученици и наставници од неколку основни училишта во Скопје.
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата