Проект за уредување на Зрновска Река
Со цел да се доближат природните реткости и знаменитости во општина Зрновци до туристите и посетителите, општината подготви проект за уредување на клисурата на Зрновска Река.
Со ова ќе станат подостапни природните реткости на планината Плачковица од каде што извира Зрновска Река и создава кањон со голем број интересни клисури и места.
- Со средства во износ од 20.000 долари, кои ги обезбедува УНДП, а преку Центарот за развој на источниот плански регион ќе пристапиме кон уредување на живописната клисура на Зрновска река. Клисурата располага со пештери, природни базени, ледини за пикник, пешачки и трим патеки. Овој предел на Зрновска Река располага и со богатство од флора и фауна со ретки примероци за истражување, изјави градоначалник на Зрновци Блаже Станков.
Дека туристичките перспективи на општина Зрновци се реални зборува и постоечкиот археолошки локалитет Моробиздон, манастирите и црквите во Видовиште, Мородвис и Зрновци, и многу други раритети кои доколку соодветно се промовираат, можат да привлечат голем број туристи од земјава и од странство.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар