По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
По жестоката кавга во Овалната соба пред очите на светската јавност Трамп и Зеленски си испратија пораки. Американскиот претседател го посетува својот украински колега да биде свесен дека ја губи војната, бидејќи ги нема потребните карти во ракавот, обвинувајки го дека не сака мир.
Зеленски пак му порача на Трамп дека го почитува,и се заблагодари на САД за она што го прават за Украина .Истакна дека Украина е подготвена да го потпише договорот за ретките минерали предложен од Соеденитете држави, но остана на ставот за безбедносни гаранции од САД.
Зеленски и Трамп вчера требаше да го потпишат договорот за минералите, но по жестоката дебата помегу домаќините Трамп и Венс од една страна и Зеленски од друга поради различните визии за завршуавње на војната,гостинот беше замолен да ја напушти Белата куќа а потпишувањето на договорот беше откажано. Републиканците задоволни што Трамп му покажал на Зеленски каде му е местото.
Демократите пак велат дека она што се случи вчера во Белата куќа било срамно.. Европските лидери, освен Виктор Орбан, едногласни во поддршката за Киев и Зеленски - не сте сами во војната со Русија, ќе работиме со вас за праведен и траен мир.
Унгарскиот премиер Орбан пак му се заблагодари на американскиот претседател бидејки храбро се заложил за мир“.
Украинците со различни ставови по судирот Зеленски Трамп. Некои стравуваат од запирање на американската поддршка, други пак сметаат дека сојузниците на Украина во Европа ќе ја зајакнат политичката и воената поддршка доколку САД се повлчеат.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар