Продолжува 85. седница на Собранието
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 85. седница на која на дневен ред се повеќе закони во прво читање и автентични толкувања.
Пратениците треба да се изјаснат за измените и дополнувањата на Законот за експропријација, на Царинскиот закон, на Законот за финансиските друштва, на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, на Законот за ревизија, на Законот за инвестициски фондови, на Законот за преземање на акционерските друштва, на Законот за девизното работење, на Законот за вршење на сметководствени работи, на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, на Законот за комуналните такси, на Законот за персоналниот данок на доход, на Законот за лизинг, на Законот за хартии од вредност, на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредит и на Законот за даноците на имот, сите во прво читање.
На дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за даночна постапка, на Законот за акцизите, на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, на Законот за Царинската управа, на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, на Законот за данокот на додадена вредност, на Законот за данокот на добивка, на Законот за административните такси, на Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост, на Законот за супервизија на осигурување и на Законот за регистрирање на готовински плаќања, сите во прво читање.
Предлог на закон за медицинските сестри и акушерките, предлог на закон за слободните здравствени зони, измените и дополнувањата на Законот за технолошки индустриски развојни зони, дополнување на Законот за градење, дополнување на Законот за градежно земјиште и измените и дополнувањата на Законот за матичната евиденција, сите во прво читање, се исто така на дневен ред на оваа седница.
Пратениците треба да расправаат и за предлог на законите за извршување и за нотаријатот.
На дневен ред на седницата се и предлог на закон за урбано зеленило - И читање, поднесен од пратениците Лилјана Поповска, Солза Грчева, Љубица Буралиева, Роза Топузова Каревска, Павле Трајанов, измени на Законот за заштита од пушењето,дополнување на Законот за административни службеници, измени и дополнувања на Законот за буџетите и на Законот за јавен долг и предлог на законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, сите на предлог на опозициските пратеници и во прво читање.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам